луѓе (имн.) - бев (гл.)

Нееднаквоста меѓу луѓето беше цената за цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навистина, тоа не беше можно со сигурност да се претпостави кога луѓето беа уапсувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Семејството практично не можеше да се напушти, а луѓето беа дури и поттикнувани да се грижат за своите деца на речиси истиот старомоден начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луѓето беа собрани околу него, огнот што веќе не можеше да згасне, зашто беше добро потпалуван уште од самиот почеток.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Се менуваа така природните појави во атмосверата, една зад друга а нам ни беше некако најпријатно после дождот, затоа што пред дождот набојот беше некако кобен, па сите луѓе па сите луѓе беа некако напнати.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Луѓето беа запрени на работ на улицата од каде започнуваше плоштадот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Луѓето беа секогаш со нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До војната луѓето беа зафатени со мислата да направат што поубава, што полична куќа; одеа на печалба, во свет за неа; делеа од устата, робуваа довека за неа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Луѓето беа постојано со лопатите в раце: ги чистеа деноноќно покривите од куќите и плевните, ринеа и правеа патишта деноноќно, но и снегот врнеше деноноќно; како да беше заинатен и скаран господ со луѓето: тие фрлај и расчистувај го снегот - тој фрлај друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мнозина луѓе беа застанале да го гледаат попо како се валкал во калта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Инстинктот на самоодржувањето и на козите и на луѓето беше слеан во заедничка отпорна сила што не можеше да се уништи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таму клучните луѓе беа за смирување, ама сега, кој да ги смири републичките, особено заколнатите анти­козари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Морам да кажам, луѓето беа многу чисти, цедилата ткаени и совршено чисти, целата штица направена на прегради за да не се залепуваат сомуните.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Измесив повеќе леб за да има за партизаните.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Луѓето беа обземени по секоја цена да ја напуштат родната земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Луѓето беа слободни, можеа да патуваат, да бидат малку среќни, но стравот сѐ уште беше тука.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)