Кога луѓето останаа сами, едниот од нив праша: - Горјане, како ти изгледа детево? Би можело ли...?
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И наеднаш голема бучава. Отиде во воздух мостот на Пероо и многу луѓе останаа во водите што почнаа да го поплавуваат полето...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Многу луѓе останале скриени во своите домови надевајќи се дека лошото ќе помине, дека вулканот ќе запре.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И заспа, втонувајќи во мачен сон: минува со автобусот низ селото, но селото го нема: избувнал вулканот и го смачкал; се гледаат само урнатини од куќите; овде-онде се гледаат јагленосани луѓе останати во онаа положба во која се нашле кога избувнал вулканот: едни легнати в постела, други седнати, трети расфрлани по дворовите и сокаците како што бегале; добитокот исто така: јагленосан; јагленосани и дрвјата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Веруваше дека, најпосле, ќе ги поврзе тие времиња, поради кои луѓето останале разделени делејќи нешто заедничко, меѓу нив, што не можеше да се раздели, а што постојано предизвикуваше нови жртви.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)