маж (имн.) - бев (гл.)

Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Постоеше извесна симболика во тоа, зашто и нејзиниот сопствен маж беше испарен пред некоја година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вресна колку што ја држи гласот. Ненадејниот пискот ги натера околните шетачи да го упатат погледот кон клупата под зелениката, каде што карпа маж беше наведнат над една беспомошна жена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзиниот маж беше посебно освежување за нас во собата зашто професорката Душанка му пишуваше цели фермани за тоа што ѝ е потребно: од постелнина со сини облачиња, „младалаче пижамице“, козметика, храна и рецепт за ајвар што треба да го направи сам дома, со двете деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мажите беа со секири и џаги. Последен пат делеа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Внуката од нејзиниот прв маж беше мажена за братучедот од Барбашин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А Богоја, го паметам, маж беше. Расправаа: срце имал големо како глава од теле. Со два прста вреќа зоб кревал.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И умре Диме од Милевци. Олкав маж беше, ама гладта го свитка и не се исправи повеќе. И умре Тодорица Петкоска. 108
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мојот маж беше изнајмил жена којашто готвеше и суредуваше по куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На децата прилично им се допаѓаше па ја задржавме. Беше одлична готвачка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше речиси слепа, но и покрај тоа работеше извонредно. На мажот ми внимаваше како да ѝ е син.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас се посветив да организирам чести и скапи вечери.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)