Беше крај на месецот. Знаевме какви маки има таа во тоа време, кога не ѝ стигнуваа пари ни за леб.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Големи маки имаа додека ѝ ги откопачија раширените корења.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Обично нему не му се доверувам оти мислам дека нема да може да ме сфати, иако мајка ми постојано ме убедува дека имам разумен татко кој го разбира децата и може лесно и брзо да им реши многу проблеми кои им се чинат нерешливи.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Татко ми ме затекна така замислена и ме потпраша што мака имам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мака имам само со месото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не кажувај на светот што мака имаш. Не сака светот да знае. Си има светот свои маки.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Триста маки имавме додека ја научивме и сестра ми да јаде.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Кажи со што да ти помогнеме, татко... Што мака имаш... Нели реумата ја излечи, ти помина...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)