Аргир шеташе како орел по постројките и штом ќе забележеше некого од мајсторите да избегал во ѕидањето само со неколку тули пред другите, доаѓаше кај него и без да чека или да праша нешто му ги растураше тулите и сосе малтер му ги фрлаше долу на скелето: - Де, бре, мајсторе, полека, нема да се сосаат пустињето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ѕидарската работа главно е крени и залепи, а понекогаш кога ѕидарот не внимава, малтерот му навлегува во месото на прстите, му се прават мали дупчиња и низ нив потекува крв.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)