манџа (имн.) - и (сврз.)

Кај ручек време дојдоа и гостите, на чело со нункото Милоша, си поручаа од Митрините тепсии, ја пофалија Достината нова манџа и си отидоа да разнесуваат по селото за новините што ги воведува рожденката. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така зготвената манџа и името си го менува, се вика Јајца на вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И затоа вечервава не му беше ништо тешко да ја отвори влезната врата, која уште беше на мандало притурната, бидејќи Митре не беше готов со јагнето, а сестра му Стана и другата слугинка не беа готови со другите манџи и алвата, што ја пржеше внук му Најдо, дете од тринаесет четиринаесет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се качуваше по скалите, на чардакот кучката и куталето ја довршуваа попарата што ја беше надробила баба од манџата и лебот што не ги изеде даскалот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кртовица вади од торбата манџа и погача. Јадат.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Гладен е, ама не признава!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Значи патуваш од Вардар па до Триглав. Летуваш воглавно во шатор. Јадиш чурук манџи и Ева конзерви.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А тука настана проблем... секој ѕидар, тесар, армирач, при преземање на манџичката и пола кило леб треба да го предаде купончето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа што не се појави никој не значеше дека не уживаа во вкусната манџа и во слатките по јадењето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
До горе ни ги полнеа чиниите со манџа и леб ни даваа повеќе отколку што сакавме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)