За мене и за Крумета во „Зона” спомнувањето на Шефот (ако навистина беше спомнат) претставуваше обичен пичкин дим и ние се насладувавме препуштени на виното и чувствувавме како бавно се нишкаат столиците под нас и како масата заедно со нас, потпрени со лактите на неа, бавно се поместува меѓу другите маси во салата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во една голема книга, што сега стои на масата заедно со куп други, и кои ја имаат заградено мојата машина за пишување, а со неа и мене, прочитав: „Зар мислите дека човек ќе го постигне она што го сака?“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кружна маса заедно со столчињата, иако мовосана, сѐ уште беше во функција, но одамна некористена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)