Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)