материја (имн.) - од (предл.)

Од друга страна, автентичноста на поводот што е тема на интересот, секогаш се наложува со до детали проучена материја од која подоцна во целиот нејзин интегритет и суштност избива пораката, смислата, целта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ се случува така како што упатуваат древните книги Патеката е со покривка од најлесен пердув Од истата воздушеста материја од која била скроена Некогаш првата облека на Ева Избегав овде за да го заборавам оној друг свет Со брдо кренато за да се измачува Сизиф Со столб издигнат за да го оковат Прометеј Со оној обезглавен труп од Пеколот на Данте Што ја држи за коса сопствената глава И ја носи покрај себе место фенер.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)