Мајка почувствува дека сега беше дојдено времето да ја дополни семејната историја со разјаснувањето на Татковите бегства или отсуства, секогаш, како што велеше Татко, во интерес на стратегијата за спасот на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка почувствува дека сега беше редот и таа да се „исповеда” за своите „врски” во животот на кои мислеше Татко – на „италијанската”, но и на „грчката врска” – сигурно предизвикан од ненадејното откривање на знамињата, на грчкото, на италијанското и на албанското, во нејзиниот чеизен ковчег.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка почувствува дека Татко зборува како од книгите. Не рече ништо.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)