Апнаа од вкусното мезе, Камилски ја пофали Мајка за одличниот избор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Тогаш и жртвата што ја прават некои мајки за своите деца не е жртва, затоа што она што го прават, го прават за себе, за нешто што го доживуваат како дел од себе?,“ се вмешав во разговорот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Светот во кој досега се движев е без вера, но не и луѓето кои живеат во него и требаше да ја сретнам твојата мајка за да сфатам и да се уверам дека има луѓе кои знаат да веруваат и да се надеваат во продуховеноста на денот, ослободени од демоните.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Вујна Клементина станувала не само како мајка за внучето сираче туку и нејзина учителка, најубавиот и најцелосниот универзитет на Мајка во нејзиниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Не знам. Секоја судбина е приказна за себе,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)