И поткрепа имаат од прилепските и битолските првенци, и согласност од овдешните Турци, и мајстор кои ќе им ја соѕидаат црквата, и човек кој ќе им го направи живописот внатре во црквата, и камење и вар, и песок и сè што е потребно за ѕидање црква имаат дотерано на Рамник на Горник, и иако одовде до Стамбол имаат сè поткупено, и турско и каурско, одобрение за ѕидање црква не стигнува од Стамбол од султанот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Иако промени неколку кројачи, а помеѓу нив и најпознатите од Стара чаршија, нему не му појде од рака да стрефи мајстор кој ќе му сошие сако што ќе ја прекрие чудната форма на неговиот граден кош и ќе го поништи впечатокот дека неговото торзо е градено врз скелет од голема птичја кобилица.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Уште истата ноќ, некаде околу полноќ, се качи на покривот од куќата само по маица и гаќи, замислувајќи како утрината, како во некој расказ, мајсторите кои работат на соседната зграда ќе ја најдат смрзната, но среќна.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Цртежот му се фрлаше под нос на мајсторот кој го ставаше на мајсторското тезге, го проучуваше муртејќи го челото, потоа ја проверуваше издржливоста на дрвото и најпосле почнуваше со производството.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)