- Ајде сега, ставај нешто за мезе и дај го бокалчето со ракија, пет дена не сум ја помирисал. Дај да го исплакнам грлото.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- И од пред мене, - вели баба ми, а малку понатаму седи дедо ми крснозе, пред него мезе и пагурчето со ракија, пуши на луле од кочанка и го сука мустаќот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Виде попот Никола дека женава би отишла и кај муслиманскиот муфтија, само за да си го направи мажот си мезе и никаквик.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сега за сешто се распоредуваше Рангел. Тој нарача мезе и пиењето почна.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но затоа пак денеска, на пладнина, се оди в црква со леб, со подароци, ракии, вина, мезиња и тука им е местото на сите. Особено на момите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски, гостејќи се повеќе со очите отколку со устата, имаше време прв да се огласи: Ова е голем ден, мили мои, стигнавме на крајот од мисијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка во чардакот ја беше подготвила празничната софра, со убаво, вкусно, разнобојно мезе и бокалчето ракија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)