Дали си мераклија на собирање печурки, шумски јагоди и боровинки? А можеби си и неустрашив ловџија на кој му дошло преку глаа од тепање зајци, еребици и препелици.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Браче Илко мошне си е мераклиа на кубаски. Ете, и кубаски ќе му испржа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јас сум мераклија на нешто убаво како што е Илија, на љубов! (Пее): Парите се, парите се, Парите се отепувачка; Љубовта е, љубовта е, Љубовта е најмила!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Рано е отелена, а изгледа теленцето е слатко, не може да а повлада, — се јавува Никола Косов, еден од многуте мераклии на убаво винце, поубава ракиичка и најубави невести, иако веќе стар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)