Го гледаше така со месеци низ клучалката, го гледаше на вратата кога му подаваше јадење и му велеше: „Се чудам, Арилко, што ти дава сила да издржиш... Ниту бел ден гледаш, ниту јадеш како што треба. Што те крепи?“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Полчивци и Дунчани се караа за синорот Раково и Рамништето и сто години цели борби водеа чија стока да ја пасе тревата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Имаше во нивната судбина некаква горчина поради релативната отфрленост, како да беа за еднократна или двократна употреба, особено дипломатите по клуч кои живеејќи во довчерашниот сјај на високата мисија сега требаше да се провлекуваат со месеци низ лавиринтот на Министерството, да бидат забележани или да се најдат во некоја нова клуч- комбинација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
— Co тие зборови се раздели Толе од Андона и прошета уште некоја недела месец низ Мариово, барајќи од селата каде денуваше да го почитаат како единствен господар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)