Имал тенки усни и воопшто личи на остар меч кој постојано е во замав.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Александар мислеше дека одамна се ослободил од тоа, ама мечот кој што на кратко му го пресече телото додека се поздравуваше со некрунисината мис тинејџер на неговата генерација го увери во спротивното.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Мечот кој чмае по ѕидовите
сиров или обработен на коприна
регистриран како музејски предмет
број тој-и-тој
повеќе не е меч ами чемер.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)