миг (имн.) - сака (гл.)

Во првиот миг сакаше да се врати, ама се поколеба во намерата, забради црна шамија и со срцето стегнато во грутка, појде дома со наведната глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во првиот миг сакаше да стани и да бара прошка, ама не и беше по волја тоа да го направи во присуство на толку луѓе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во тој миг сакав да го убијам тој невиден простак; во тој миг ми се згади и од Луција; веќе ништо не сакав, во мене имаше само гнев; тогаш, пред вратата, првпат помислив дека најдобро е да се замонашам, да си ги отсечам на еден симболички начин гениталиите поради кои страдав, да се самокастрирам, да ги оставам сите овие влекачи и инсекти околу мене да се плодат и да се размножуваат до бескрај; своите песни да му ги испејам на Бога, а не на лукава и притворна жена, или на некој дволичен Хор; сепак, чукнав уште еднаш, но тој поворно не одговараше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во миг сакаше да прекине со сѐ. Сакаше да избега некаде далеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)