миг (имн.) - подоцна (прил.)

Зашто, како што увидов миг подоцна, колку и да е понижувачка позицијата на тој што го спушти своето чисто колено во калта, работата само навидум е на штета на понизниот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еден миг подоцна, како одговор на повиците на Увото и Носот, низ големите вентили помеѓу градските ѕидишта врз освојувачите завеа свежиот здив на ветерот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Му се фрли во прегратка, го бакна речиси насилнички, и еден миг подоцна си го проби патот меѓу гранките и исчезна во шумата, правејќи сосем малку врева.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден миг подоцна, телото беше цврсто сошиено, засеците беа покриени со восок, излекувани околу вратот и грлото и по черепот — совршено, свежо и ново.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)