Ќе заборавев: пред пет дена добив картичка од вас во која се претставени двата брега, албанскиот и македонскиот, на Охридското Езеро со поглед на Поградец, што вие сте ми ја напишале на 18 декември 2000 година!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Моето двогодишно отсуство од штафелајните играрии е извесен тип на уметничка мимикрија во чија позадина е бавењето со феноменот на „синестезија“ како облик на енергетско- семантичка трансформација.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се обидував најчесто да не бидам арбитрарен коментатор на настаните, туку да ја задржам својата дистанца, без да бидам заведен од дневно политичката мимикрија во потрагата на континуитетот на мојата раскажувачка мисија, која ми ја припишуваше Елен Лејбовиц.
15 март 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)