Еден малечок бел пес мина низ насипот и го изеде. Jakob van Hoddis, псевдоним/анаграм за Hans Davidsohn; 1887 - годината на смртта непозната.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Жива прекрасна халуцинација му мина низ мозокот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Аргир премале: „Овој сигурно нешто крои штом почна да се мазни“, му мина низ умот и собирајќи ги уште повеќе веѓите, рече: - Та како побргу, газда!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Она што мина низ просторот помеѓу Марселовите уши значеше дека слепиот може да биде сликар кога ќе посака.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Верувам дека Дишановото творештво навистина е единствено кое може во потполност да задоволи а и да не биде навистина видено.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Подзина кревајќи ја главата кога мина низ венецот црвени рози сплетен на вратата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Смирувачка леснотија мина низ нејзиното исцрпено тело. Но, радоста траеше кратко.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Возејќи мина низ пределот каде што се градеа нови куќи, каде што пред нив имаше купишта земја, а некои од нив беа изградени од него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Некој стави паричка од пет центи во отворот на автоматот и утробата на џубоксот мина низ цела серија трескања, пред глас тивкиот и сладникав да почне да го смекнува ѕвечкањето на чиниите и посребрените предмети.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Огненото тело протрча крај нас, мина низ телото на отец Стефан како низ ништо да минува и одлета кон небесата, над шумата, над ридот. Така беше, оти не беше поинаку, смерни и бедни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По пат накај дома, Томаица мина низ паркот кај офицерскиот дом и седна за кратко на скалите од една фонтана.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Со него таа мина низ многу искушенија.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
“ пример 3 Orlan Орлан е француска уметничка чиешто најпознато дело е - таа самата!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од 1990 г. таа мина низ серија јавни пластични операции во рамките на проектот Реинкарнацијата на Света Орлан, за да го трансформира своето тело (себеси?) во ново суштество, моделирано според Венера, Европа, Дијана, Психа, Мона Лиза.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не чекајќи Дарвиш да ја заврши мислата, се надоврзав: - Андре Малро кој мина низ три револуции (кинеската, шпанската и антифашистичката) пишуваше дека храброста на човека се состои во тоа во решавачки мигови на историјата да биде реален.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но тој сепак беше храбар човек...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Акакиј Акакиевич мина низ кујната, незабележан дури и од самата домаќинка, и најпосле стапи во собата, каде што го виде Петрович како седи на широка дрвена небојосана маса со подвиени нозе под себе, како турски паша.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но и слонот ја крена сурлата, па кога зави како втрештен го уплаши Букефал Така кренат Букефал го засолна својот стопан, зашто: стрелата мина низ него, па го погоди Александар. Букефал веднаш почина.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Мајка, на влегување, речиси и не ја забележа оваа врата, таа беше ширум отворена, па брзо мина низ неа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа мина низ кујната ѕвечкајќи со сребрениот прибор за јадење, удирајќи со тавите и разбивајќи ја тишината што дотогаш насекаде владееше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но Аргентина беше многу повеќе од тоа: нација која од Перон во 40-ите години мина низ периоди на длабоки промени во својата општествена и политичка шминка.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Борхес одбиваше да ги признае тие промени и да им се прилагоди.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тој генералите ги поистоветуваше со татковците на аргентинската независност и веруваше дека офицерите се “единствените господа сѐ уште кадарни да & служат на татковината”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како што Леополдо Лугонес, водечкиот аргентински писател во 20-ите години, ја охрабруваше војската да се вмеша во политичкиот живот и да ја преземе власта Margina #32-33 [1996] | okno.mk 209 за конечно земјата да биде водена како војничка касарна, така правеше и Борхес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)