Бидејќи на поединецот му се втиснуваат толку рано, на толку рана формативна возраст, тие се упорни, трајни и конститутивни за себството.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Репродуцирајќи се себеси со секое ново поколение, културата го одржува идентитетот на заедницата од минатото кон иднината.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Културата ја зачувуваат редовни, долговечни процеси на општествена репродукција кои пренесуваат конкретни обрасци на мислење и на однесување од едно на друго поколение и го консолидираат колективниот идентитет на групата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секоја „култура“ што не се стекнува преку примарна социјализација мора да биде релативно површна, минлива мода или навика или светоглед, а не врежан начин на суштествување и на однесување; не би била многу длабоко вкоренета во субјективниот живот на поединецот или на групата, па би било лесно да се смени и ранливо би подлежела на промени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)