Заборавот ја подјадуваше меморијата на раните дипломатски години, но не можеше да ја истисне од свеста...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во мене се разбрануваа спомените! Неговото време беше влеано во дел од мојот живот, од моите дипломатски години.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И најпосле непредвидено, како што само судбината умее да ги режира настаните, наметнувајќи ја случајноста како апсолутен арбитер, настапи времето, дојде неочекувано мигот кога катарзично се ослободуваше времето минато крај Арафат во Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше дојден мигот да го ослободам ова време од себе и да го предадам на хартијата, на забележаните траги на меморијата. Времето минато крај Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)