минато (имн.) - и (сврз.)

Сегашноста е точката во која се прекршува светлината на минатото и иднината!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не беа помалку болни, неизвесни, и другите зборови што идеа од радиото, од таа проклета направа која како некаков двојник на судбината, го предупредуваше нашето семејство за минатото и иднината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа е и моментот во кој се отвора политичкиот контекст на делото, подоцна заокружен со Симонивите нејасни врски со политичката елита на Македонија како и со приказната за партиски поделеното и раскарано село, но дневнополитичкото милје, иако препознатливо, ни во еден момент не се наметнува самото како слика на современиот момент, туку пред сѐ, преку поврзувањето на минатото и сегашноста, се стреми кон воопштување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сета оваа проверка на минатото и на она што е околу мене сега, проверката на живото и на мртвото, како и на она што го правам, ќе ме натера да се запознаам и да се проверам и себеси.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во градот кој го сочинуваше мнозинското грчко население, покрај припадниците на други народи, постоеше и сосем одвоено еврејско гето, опколено со цврсти ѕидови, додуша наследени од минатото и уште во тоа време почувствувани за непотребни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И покрај добрите односи на христијаните и јудејците коишто впрочем со векови живееа заедно на островот, ѕидините остануваа како наследство што потсетува на едно некогаш јасно и цврсто подвојување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така некако си дума Отело, вѕверен ту назад ту напред, готов уште еднаш да заигра на жицата оптегната меѓу минатото и иднината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Климент се враќаше со своите мисли во минатото и пливаше по него, како среќен рибар, кој со полн чун риби вплива по езерските далечини...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секое нешто во кое се загледуваше, разбудуваше море од спомени, ја враќаше во далечното минато и копаше во нејзиното срце, кое изгоре во огнот на нејзините копнежи и напразни очекувања.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имено, двата пристапа кон сликарството се упатени кон најдлабоките слоеви на човечката душа и одејќи сѐ повеќе од онаа страна на рационалноста покажуваат дека остварената ирационалност и парадокс можат да имаат зачетоци во други, не помалку длабоки типови на значења кои можат да ги ускладат и смират очигледните спротивности како што се животот и смртта; реалното и имагинарното; минатото и иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Националистичкиот кич своите содржини ги црпи од страсната внурнатост во “суштината на националното битие” и како таков свртен е кон минатото и лишен од утописката димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иднината, ако тоа досега не го постигнале минатото и сегашноста, ќе ги разјасни определбите на овој исклучително комплексен и антологиски автор, за кого со право може да се каже дека напишал ремек дело за тажната увертира за запустувањето на нашата Магна Матер Македонија, за трагичните историски реминисценции на вечниот македонски народ, и за македонската дијаспора.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе се послужам со цитат од приредбата, на која една наша соученичка рече: „Марксистичката револуција го разурнува целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем направи една подолга драмска пауза, зазеде една особено смешна, надуена поза и продолжи: „Марксистичката револуција го разурна целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа е границата меѓу минатото и иднината, меѓу познатото и непознатото која се нарекува сегашност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Впрегнати под јаремот на таа голема желба тргнавме на пат со времето и по трагите на спомените кои се дел од нашето опстојување и постоење кое, како што рекле мудрите умови, е составка од многу минато и малку сегашност... ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш ми раскажа, иако јас сето тоа го знаев поинаку, онака како што го раскажуваа денгубите старци во Кукулино, не ќе си ја смират ли душата со туѓи гревови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од каде доаѓа и кон што лази? Доаѓа од нејтемнато минато и се движи победнички кон крајот на човештвото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како дише чудовиштето, со што? Дише студ за да не се усвити од зли желби. Со жабри.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ние сме пак истите. - Меѓу минатото и сегашноста се урнати мостовите - суморно рече Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ уште тој се колебаше на работ меѓу минатото и сегашноста - овие два различни по содржина света.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се испомешале во главата и соништа и стварност, и минато и сегашност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Судницата и сè во неа, минатото и патилата, се гламносуваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
10. Јас не знам каде ми е некогашната а каде идната куќа, не знам има ли покрив над мојата глава, незнам каде со своето детство, со своите потекла, со своите јазици, не знам каде со својот хрватски, а каде со српскиот, словенскиот, и каде со македонскиот, не знам каде со српот и чеканот, каде со стариот и каде со новиот грб, каде со жолтата ѕвезда, не знам каде со мртвите, ни каде со живите, што ќе правам со минатото и што со иднината ... не знам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но Камилски не мислеше да ја шири оваа дебата, сакајќи и тој, како Татко, на крајот да ја завршат својата мисија, да ги опфатат и другите планирани и замислени ориентализми, се разбира, оставајќи простор, на некој посебен кој би го оправдал заедничкото внимание!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кај некои од нив тоа што беше останало од детството, и се развиваше во посилно битие од другото, накалеменото, успеваше да се помести во минатото и да ја објави битката на спасот. Битката на пробудениот јаничар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако и минатото и надворешниот свет постојат само во умот и ако самиот ум може да се контролира - што тогаш ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто, кога би било променето во која било форма погодна за дадениот момент, тогаш таа нова верзија е минатото и никакво поинакво минато не можело никогаш да постои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секогаш кога тој ќе почнеше да ѝ раскажува за принципите на Ангсоц, за двомислата, за променливоста на минатото и за одречувањето на објективната стварност, и притоа да употребува уште и зборови од Новоговорот, нејзе ѝ стануваше здодевно, се збунуваше и велеше дека никогаш не обрнувала внимание на такви работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Како ретко кој друг во историјата, Фаик Коница со својот живот и творештво ја изразуваше судбината на Албанците распнати помеѓу Западот и Истокот, минатото и иднината, родната земја и егзилот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога на патот на органската еволуција стана очигледно дека мутацискиот процес неизбежно ги разградува физичките и невролошките врски што ги поврзуваат припадниците на една генерација со минатото и неизбежно ги насочуваат да преземат посебна и рамноправна позиција меѓу другите видови на Земјата, со која Законите на Природата и Природниот Бог ги дарува, сериозната загриженост за хармонијата на видовите бара да се утврдат причините за мутацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сметаме дека следниве вистини се очигледни: -Дека сите видови се создадени различни но еднакви; -Дека сите се дарувани, секој посебно, со одредени неотуѓиви права; -Дека им припаѓа Слобода да живеат, Слобода да се Развиваат и Слобода да бараат Среќа на свој сопствен начин; -Дека за да ги заштитат овие од Господ дадени права, социјалните структури природно се појавуваат, засновајќи го својот авторитет врз принципите на љубов кон Бога и почит кон сите форми на живот; Кога која и да е догма на владеење ќе стане деструктивна по животот, слободата и хармонијата, органска должност на младите членови на тој вид е да мутираат, да исчезнат, да иницираат нова социјална структура, поставувајќи ги нејзините основи на такви принципи и организирајќи ја нејзината моќ така што ќе биде можно да се произведе сигурност, среќа и хармонија за сите живи суштества. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислеа дека тоа не е за мене, дека физички и психички нема да го поднесам тоа имајќи го со мене искуството од претходните потешки физички работи кои што ги работев во минатото и од кои секако имав по некои здравствени последици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)