минувач (имн.) - и (сврз.)

По една невесела седенка зад која остануваат расфрлени карти, купови отпушоци и студенило на луѓето еден кон друг, се враќав низ заспаниот град без движење на коли и без минувачи и му се простивставував со чело на остриот дожд, на тој предвозник на утрени мразови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вревата на минувачите и автомобилните мотори пораснаа и ги поклопи како врел стаклен суд. „Чекај, синко“, се насмевна Отец Симеон топејќи се од лажна и потсмешлива благост. „Таа не сака да се оддели од мене, така ли е?“ Сега и Иван се насмевна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во овој дуќан, потонат во секојдневната тишина, сега може да го привлече интересот на минувачите и подозривоста на полицијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)