Таа велеше дека таа мисија ќе трае сè додека е жива а, можеби, и потоа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Инженерот Декостер сметаше дека неговата мисија ќе прерасне во парадигма во регионот, зашто Македонија ја сметаше за мирна земја, која го избегна големиот конфликt по братоубиствените војни на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Првите британски членови на воените мисии ќе бидат испратени во Грција и во Југославија од средината на септември 1941 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Кралството Југославиј,а британската дипломатија ќе започне да ги помага сите оние што се бореле против нацифашистичките окупатори, а со тоа и да го трасира својот пат кон идната поделба на Европа на интересни сфери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И во своите највидовити претпоставки додека беше жив, Татко не можел да го замисли падот на Берлинскиот ѕид, распадот на СССР и комунизмот, а најмалку распадот на СФР Југославија со братоубиствените војни, создавањето на новите држави, посебно на новата Република Македонија, а најмалку дека неговиот син за кого најмногу страхуваше, оти некаде ќе се заплетка на големиот пат на животот, ќе стане амбасадор на СФР Југославија, која при завршувањето на неговата мисија ќе се распадне, а потоа и прв амбасадор на новата Република Македонија во Франција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)