Одајата празна, а диванот ветвен Во пролет рана, со мирис летен Мислите мои – меланхолични звуци Душата моја – ѕвекот на прапорци Во очи си гледам качунка бела Мечтите мои – друга јас ги зела Делата мои пајакова мрежа ги вплела. 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
„Прости ми, Господе, за лошава мисла моја, спаси ме од омразата кон братот мој и дај ми сила да го љубам и во несовршенството негово“, си промрморе пред да се фати повторно за перото, за да напише нешто што тогаш во Антиохија, во лутината своја, ниту тој ниту Петар не го знаеја.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А Филозофот, небаре ги чита мислите мои како книга отворена, ме погледна и продолжи: „Не се само најдебелите конци важни; по нив одат само слепите и горделивите; преѓата ја сочинуваат токму ситните нишки, најтенките и најфините, оти само ситната преѓа е преѓа, а крупната клопче ортоми; тенките нишки, они на границата од видливоста се азното на словата, оти само тие сведочат за невидливото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)