„Всушност“, вели Лефевр, „како би можеле да постојат урбани митови во вистинска смисла на зборот, пред големото пресвртување што го наведува сето општество да се стави на страната на урбаната стварност намалувајќи ги специфичните тежини на земјоделството, селскиот живот, проблемите на селаните?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Можеби се сеќаваш на вистината за Александриската библиотека и за нејзиниот доградуван мит во времето?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ворхол спроведе и низа други инверзии во поглед на Холивуд, како што неговата Фектори е антитеза на гламурот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Постоењето на нацијата е секојдневен плебисцит”. (...) Под силниот впечаток на настаните, Ренан, “човекот што беше вистински научен гарант на ариевскиот мит во Европа”, престанува духот да го поимува како ментален затвор.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Од татковите книги, кои неколку години по неговото исчезнување ги зедов со себе на брегот на Езерото, при првото прелистување, ми проблесна наследената метафора, како некаков продолжителен мит во потрага по полнотата на изгубениот континуитет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во неговите книги и ракописи, осудени да бидат закопани во заборавот на времето во некој подрум или таван, го откривав кодот на неговата судбина, смислата на неговите книги, да го спасува семејството...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој никогаш не ги вплетка веќе постоечките митови во своите филмови (за разлика од сликарската работа), како што тоа го правеа нему сличните по дух авангардни творци, Џек Смит и Кенет Ангер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)