Младичот беше задоволен и често повторуваше дека ова ќе мора да им успее, му објаснуваше дека ги притиснале в ќорсокак луѓето од монополот, го извеле тоа многу добро, а за она му рече дека тој ќе мора да си однесе и нешто дома, таа пролет; тој веќе беше почнал да се подготвува за одење в село.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, младичот беше потполно вон себе, нервозно ја зграпчи за рамениците, ја затресе и се развика: „Кажувај!“
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Домашните на младичот беа непознати па затоа и недостапни, а оние на Горда како да ги затворија устите со катинар па ништо не можеше да излезе од нив, ни зборче со „да” или „не”, дури ни потврдно или одречно кимање на главата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)