На најпрометните улици во New York може да се види осамен младич кој застанува, ја остава торбата, вади од неа тегови и билдува.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Луѓето влегуваа и излегуваа од темните сводови на портите и лазеа во неверојатно множество по тесните сокачиња што се разгрануваа од двете страни - девојки во полн цут, со неумешно нацрвени усни и младичи кои ги задеваа девојките, и дебели расклатени жени кои покажуваа како ќе изгледаат девојките по десет години, и стари згрбавени суштества што се влечкаа на рамните стапала, и парталави босоноги деца кои си играа во баричките, а потоа, на лутите повици од мајките се разбегуваа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Некој му најде и тој пак нешто рече, но освен константното дување во моето уво „ајде да одиме надвор“ од Младичот кој ги мие рацете, не можев многу да разберам.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Најпосле нашол некој младич кој по сѐ му личел на ангел: бил личен, убав и со чиста душа. И го зел за модел.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Едо уште изгледаше бледо и изморено, но на Али му помагаше доволно овој да види дека има работа со младич кој што овој занает го знае.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се разбира, ништо не ѝ реков на Луција, оти не можев да верувам дека поважна ѝ е партијата која ѝ пишува говори и карактеристики, од младич кој ѝ пишува песни, како на жена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Рабинот Цви го гледа забрзаниот младич кој во автобусот ја отфрла наметката под која се појавува цврсто набиен елек од кој висат неколку жици.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Може да се случи никој да не се појави со клуч, ни таа, ниту следната среда.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Треба да чекате некој младич кој на масата пред вас ќе стави еден неизрежан клуч.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)