Ќе ти дадам толку колку што им припаѓа на девиците, двесте сребрени зузими сребро, што ти припаѓа според прописот на Тора, како и храна, облека, сѐ што е потребно за живот и ќе ги исполнувам брачните должности, сѐ според општоприфатениот договор...’ Јехуда Давидовиќ го чита текстот на нивната кетуба16 составен според стар образец на арамејски јазик.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Некаде таму, зад вратите на рајот, тој е со Алегра. * „Третиот ден во неделата од месецот Сиван, 5701-та година од создавањето на светот според сметањето на времето, тука, во света заедница на Јехуда и Алегра, Господ нека ја заштити, младоженецот ѝ рече на девојката: ‘Биди моја сопруга според Законот Мојеев и Израилов.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)