Кога се најдов со него на вишинката на кај манастирот Свети Наум и му го покажував родниот Подградец, во кој не бев стапнал 37 години по моето заминување и за ноќта кога ја минавме невидливата граница под Езерото, Махмуд Дарвиш внесено, и со поглед претопен во синевината на Езерото, ја слушаше мојата вистинска сказна за змејот и границата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За светите книги со кои ја минавме границата. За молитвата која ја шепотевме во тишината на ноќта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко не го фати ритамот на молитвата која ја сметаше како облик на учење на трпеливоста, можеби најцврстата замислена поврзаност со Бога.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Молитвата која ја шепотеше кога ни беше тешко во животот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)