XXIII На патот кон морето Х.Х. неколку пати безуспешно се обидуваше да ме извлече од молкот кој напати ми беше најдобриот сојузник во мачното патување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Има мигови, значи, кога нема што да се каже па наместо тоа, низ празната линија на телефонот, го слушаме својот молк кој јасно нè поучува: исто како и небото - дека и земјата врз себе ќе ја носиме... * * * Тој веќе му се радува на светиот оган кој ги спепелува сите сеќавања, ги осмислува сите бегства и во прегратка со пламенот постапно ги распознава сите мисли и зборови кои кажуваа дека има час во кој веќе ништо друго не може да се случи - освен да се догори.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)