Момчето беше голем уметник, способен постојано да измислува нови комбинации и специјални климакси, а некои беа „ноти“ од сферата на Непознатото, со паузи, привидни дисонанци, ноти кои ненадејно се пробиваа една со друга и прскаа заедно, со вчудоневидувачки, врел и сладок удар. (...) Аракнид, шоферот на Ендрју Кеиф е единствен домородец во Интерзона кој не е ниту педер ниту бузерант.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Русокос, висок, тенок и убав како нарисан, уште малечок, во 1947-та, кога татко му Ѓоре Дамчески и деленицата нивни Божин Дамчески Штркот паднаа во затвор, беше се завлекле во Методија Андонов Чентото и Ѓорета го осудија на девет а Божина на единаесет години затвор, мајка му, Илинка Дамческа, на која останаа другите пет деца, алипниот свекор Блаже Дамчески, и сиот немал имот, го даде кај делениците во Прилеп да изучи за ковач, што сосема, сосема не му одговараше на ликата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Чудно момче беше тој Атанас Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Винстон ги крена рацете над глава, но со неспокојно чувство. Однесувањето на момчето беше толку крволочно што сето тоа не беше игра.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Момчињата беа навлезени во фазонот на омилениот Буковски, во толкување, се подразбира, на неодминливиот Мики Рурк.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Грахаха... чудно, занесено момче беше. Лунарник, што би рекле психолозите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Прочуено момче беше тој Мирон - ја кадреше руцата коса, носеше широка кошула со отпечатени риби и ленгери и веруваше дека девојките полудуваат по него.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Матеј како момче беше многу духовит, комуникативен, харизматичен…, но сега се промени, како да немаше време за ништо повеќе - освен, за учење и учење.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Какво момче беше, да знаеш! Силно, чесно, работливо. Само него го имав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Еве дошол некој ноќеска и ми ја изгазил бавчата; илјада грошеи зијан ми сторил!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Мајсторе, не го познав кој беше; едно момче беше со еден коњ, тоа играше и пак си отиде.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- О,утрото момче! - Какво даровито, силно момче беше тој Кејтен! - Да, тој беше сила!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Можеби затоа што немаше свои, зашто тој уште момче беше кога излезе комита и дваесет и петгодишен стана војвода чија чета надалеку беше прочуена.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)