Грета: Овој глас не е за радио, Лобо. (Се огледува во огледалце) Овој глас единствено може да известува во кои драгстори се продаваат свински паштети.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Гласно и неочекувано рече: „Пиев со него. Добро момче е.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Лобо: Вчера ми се јави. Ми се пофали, купил нова сачмарка. Среќно момче е тој.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Кај тоа?“ праша Јана. „Мирон,“ се развесели. „Оној од паркот. Навистина, добро момче е. Името му е набожно.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пред десет години Никола Влашки го женел синот и, кога ни по две години не дочекал внук или внучка, сеедно, ја прашал снаата машко ли е момчето и што се случува ноќе кога таа ќе легне со него, ја задева ли, и ги трие ли со дланки јаболката под кошула, легнува ли врз неа, а таа се срамела, бегала од свекорот, но тој и на нива и в куќа сѐ за исто ја прашувал, додека најпосле, еднаш, не му признала дека момчето е машко, повеќе машко отколку што мислела таа за момчињата кога била девојка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навистина треварите стоеја зад него и го мереа навредено под очи...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)