момче (имн.) - во (предл.)

Со Џонс, кој ми помага да сфатам сè, ќе станам најтехничко момче во градот. превод: Игор Margina #19-20 [1995] | okno.mk 103 104 Margina #19-20 [1995] | okno.mk Вилем Флусер Margina #19-20 [1995] | okno.mk 105 Вилем Флусер Вилем Флусер беше еден од најинтригантните умови во дисциплините што најдобро ги познаваше: Филозофија на наука и Филозофија на комуникации. 1991-та загина во сообраќајна несреќа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А бил, велат, најлично момче во целиот крај.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сето тоа жестоко го разјадуваше осаменото момченце во оваа страшна ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сигурно и дедо Иван го следел волчешкото завивање, сигурно стрепи за осаменото момче во Гогов Валог, па немајќи можност на друг начин да му помогне, се огласува и ги застрашува волците со пукање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Син му на даночниот инспектор, високо и суво момче во долги панталони, со жолта врска околу танкото жилаво вратче, високо ја држеше главата пред другите деца и ги покажуваше разјадените заби - горд беше со својата кадрава коса.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кристина ја фатиле како се бакнува со некое момче во интернатот; ја повикале мајка ѝ и – против волјата на ќерка ѝ и спротивно на укажувањата од директорката – таа огорчено ја отпишува ќерка си од училиштето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
2. Драга - израз за девојките на провинциските момчиња во дел од територијата на бившата СФРЈ на која што се зборуваше исто така бившиот српско-хрватски јазик.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Иако Турците биле многу тие биле изненадени и почнале да бегаат, оставајќи ги мртвите и ранетите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На една ливада Турците виделе седуммина браќа како косат трева, а тоа биле најдобрите и најубавите момчиња во 72 струмички села.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Таа вест летнала како веда од дом во дом.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јуначко момче во свое време бил, пет срца момински под своја гуња носел, домаќинство со голема челад спечалил.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На телевизорот оди сцена во која прават лек одделувајќи го отровот од забите на една отровница поради несреќниот случај со едно момче во пустината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги отворам очите. Ова е она што џанките го нарекуваат “gowtching out”, со други зборови неволно паѓање во сон.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Другиот праша: „Како се обесила месечината на врбова гранка, Исусе?“ „Вие сте мајмуни“, воздивна. „Тешко тоа ќе го сфатите.“ Го жалеа. „Момче во болницата сѐ ќе сторат за тебе. Верувај ни, сѐ.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од прозорците нарипаа пет снажни момчиња во мариовска облека – селани-гологлави, со долги перчиња заплетени на темето, во бели кошули и гаќи, со опинци, вооружени секој со по еден пиштол во левата и јатаган во десната рака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На ниски сликарски ногарки, пред кои се наоѓа фотелја (Трошчејкин секогаш работи седејќи), - скоро завршен портрет на момче во сино, со пет тркалезни празнини (каде што ќе бидат насликани пет топки), што се наоѓаат во полукруг крај неговите нозе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Четиринаесетгодишно момче во Сан Франциско одеднаш ќе флертува со убава глумица од Берлин, со девојче во Бразил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И таа во почетокот молчеше, но подоцна му кажа дека сакала некое момче во селото со кое кришум се состанувала, кое ѝ било најмило нешто на светот, но тоа подоцна ја оставило, ја напуштило и зело друга девојка; му кажа на отец Иларион дека тоа ѝ нанесло силна болка во душата, дека не може да преболи и дека ѝ иде да се убие, да ја снема од овој свет, бидејќи за неа животот е веќе ништо, мачнина, патење; со ноктите се драскаше по лицето и телото, сакаше да го нагрди, да го раскине, зашто веќе не ѝ е потребно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Како што ќе речете вие“, услужно одговори момчето во бела блуза и коса исчешлана на патец.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Налеооо круг! - командува високо и суво момче во долги војнички панталони и широка блуза со ракавите искинати на лактовите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја гледаше единствено како секој ден си го проверува сандачето, па помисли дека можеби има некое момче во Франција, но брзо ја отфрли таа идеја како премногу песимистичка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го пушти Сати и повторно седна до неа. ­- Вие таму во Франција, го сакате ли многу Дебиси? - ја праша.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Играв со момчињата во песокот на плажата, со кофички правевме дворци и тврдини од песок, а кога ќе станеше премногу топло тие трите момиња и јас трчавме во водата, се прскавме и врискавме од радост.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Никој не смеел да го допре. Дури и најлесна насмевка можела да го убие.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бреда шмркаше првите половина час, потоа ја стегна мојата рака и липаше отворено кога момчето конечно излезе од меурот, доби триесет и седум различни болести и умре пред да почнат рекламите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа чаша коњак, голем ТВ екран, филм со наслов „Момче во меур“ за едно момче кое пораснало во потполно анти-септички услови бидејќи било родено без имунолошки систем.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Пушти го, - одмавна со рака Абраш, - порано беше едно од најмирните момчиња во Домот, но, последнава година сосем се промени.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Другата ми рече дека сум најубавото, најсилното и најпаметното момче во одделението и праша дали ми се допаѓа, а третата, кога и да ѝ се обратам, се збунува, се смешка, се вцрвува во образите и погледот не го симнува од мене.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)