море (имн.) - или (сврз.)

На пример, низа брановидни линии можат да претставуваат море или река, а цртежите на луѓе и животни претставуваат нивни „живи еквиваленти”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Напишал: „Она што секогаш одново ме возбудува – тоа е феноменот на љубовта: меѓу верникот и Господ, меѓу жената и мажот, меѓу родителот и детето; и љубовта небесна, и љубовта анимална и онаа што место човек за опсесивна страст ја има потрагата, морињата или Големата Идеја.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Земале мали гемии, шетале со нив по морето или пак им помагале на гемиџиите кога овие ги ваделе гемиите на суво за да ги поправаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мудро е решението на Глигор. Умри надвор од оваа зандана: во длабочините на морето или во некоја бездна, слободен и горд...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но таква светлост народецот на вилаетов не познавал и не мислел или не се надевал дека ќе дојде еднаш, дека ќе шурне незапирливо од море или ќе се спушти од планински врв да ги облагороди со утеха и тревите и луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина, само самовилска светлост можела да ги изгони сенките на сомневањата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некоја женичка стигнува до него да ѝ напише адреса на латиница на плико, други пак, кои постојано испуштаат зборови преку своите муцки а тој ги заробува на хартија за да можат да прескокнат граници, мориња или океани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Livres Hébdo” Париз 15 мај 2009 Пјер-Робер Леклерк БАЛКАНСКА САГА ЗА МИГРАЦИИТЕ Патот на јагулата како метафора на егзилот Научници истражувачи специјалисти за Anguillia anguillia и Anguillia rostrata се поделени во мислењето дали јагулата е пелагиски вид кој живее во длабоките мориња или не.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)