Уште пред да стигнат до Палацо Граси, посетителите на Венеција можеа да ги видат зелените натписи што висеа на мостовите низ целиот град со името “Марсел Дишан”, амбициозно најавувајќи ги датумите на изложбата (од 3 април до 16 јули), како и многу слични плакати излепени на секоја станица на “вапорето-т”. (мал параход што плови по каналите на Венеција - заб. на прев).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ако неговата прва посета на овој град помина скоро незабележана, овојпат градот, со сиот свој сјај, му укажа гостопримство на уметникот чии идеи радикално го изменија курсот на уметноста на двеесеттиот век - не само во Италија, туку и во целиот западен свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)