— Одовде ќе и урниме вечер бравите долу маковско, рапешко и ошче во мракот ќе и претераме преку Црна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да, се разбира, до паѓањето на мракот ќе совладаме, а во текот на ноќта нашите единици ќе ја заземат таканаречената Африка, западно од езерото.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Времето за пајдос одамна е минато. Уште малку и мрак ќе фати.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Петре ќе излезеше рано наутро, уште во мугрите, се враќаше кога мракот ќе го замолчеше и изгасеше селото.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нѐ попадна во очај како вчера. Сега, веќе згазнат на едно скалило, веруваше дека во мракот ќе го најде и следното.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Така таа и во мракот ќе ја гледа виделината.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Сеедно каде, негде, каде и да било, полека, како грутка мрак ќе се довлечам и ќе тропнам на врата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Додека сите заедно не ги отвориме очите, никој ништо нема да види и никому не ќе му се признае дека гледа. (Поаѓа кон Евто) А тие што ќе наѕираат во мракот ќе ги наречат слепци и ќе им ги истераат очите од глава.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Има една грмушка и една пенушка има, срцето ќе те одведе мракот ќе те приспие, и има мугра сина безшумно што доаѓа усните да ти ги навлажи со надеж и со роса.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Интервали на осветлени сцени, а помеѓу нив страв дека од мракот ќе скокне чудовиште можеби мечката што го растурила улиштето, или лисицата што ги задавила кокошките.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Македонци мои вие сте бестрашни борци! И во мракот ќе се подготвувате со духот!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Така таа и во мракот ќе ја гледа виделината.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)