Сепак, за творец на хепенингот се смета Алан Капров, еден од уметниците кои учествуваа во работата на Кејџовата класа во New School For Social Research (1958...).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според нив, музиката е прекумерно поедноставување на ситуацијата во која се наоѓаме.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но – го снижува гласот Хорацио – музиката е придвижник на страста, јароста, претерувањето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Едно нешто видов, подобро е така да се каже и да се сочини слово едниствено; едно нешто видов: светлина, боја и музика, оти светлината е боја и музика едновремено, како што бојата е светлина и музика и како што музиката е светлина и боја.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Класичната, или можеби - „оркестралната“ - музика е толку дигитална, толку скроена, ритмична, и зависна од улогите на музичарите. Сѐ е во мали кутии. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 135
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Моќта кон метаморфозата – да се биде насилен, дрзок потоа без напор ранлив, кревок – во музиката е вродена и поради тоа, што таа, во сета своја валентност, останува женствена, нејзините визии сонувани.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Музиката е одамна стивната. Од сето музицирање над Леденото Езеро останало само штрбавото свржење на ветерот кој од потта што извираше на лицата, беше си почнал да навезува бел превез.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Својствата на музиката
му се спротивставува
на календарското време
и начин на живеење;
сѐ подредува на себеси;
од еден и еден прави
еден човек;
не ја злоупотребува искреноста;
ја ублажува сличноста
меѓу несреќата и страста;
ја збогатува крвната слика
на емоциите;
луѓето ги дели по слухот;
процес е кој трае
без оглед на злосторствата
исчезнувањата, паѓањата
во неа емигрираат
немуштиот јазик
и душите
потребни ѝ се помошни средства
луѓе и тишина;
се нуди
во најразлични изведби;
предизвикува природни феномени
затемнување на сонцето
на љубовта, рамноденица
труење со хармонија
музиката е без предрасуди
не озборува, не осудува
избезумува
те заведува, те заведува
и кога си во нејзини раце
те остава сам, со себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)