Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Навраќањето во споменот навејува често чувство на влегување во храм, што си го изградил некогаш скришно и сам во непристапен предел на мислата, на најтајно место!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)