Тргнав со најдобра намера во Горно Морино за да ја посетам ќерката на Симо Чардаклија, и тоа со единствена цел да ѝ се заблагодарам за добрината што ми ја имаше сторено во времето на војната и да узнаам нешто повеќе за пресудата на татко ѝ а наидов на она на што наидов.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Леонардо, мој боже. Кој ли беше оној славен физичар, Џоен се надева дека ќе се сети да го праша Френк покрај она за хотелските клучеви, кој на умирање изјави дека има намера во Рајот да го праша Бога за две нешта, квантната електродинамика и турбуленција, и дека се надева дека Севишниот ќе може да фрли малку светлина барем на онаа првата?
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Настојува сѐ да натокми и се случува да не успее да ја реализира својата намера во настојувањето да се прикаже перфектна!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Воопшто немам намера во тој момент да ѝ раскажувам како се чувствував и колку многу ми недостигаше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Посакав да ѝ го речам тоа, но нели, пред да сторам било што, требаше да ја замолам да се наведне за да ѝ ја дофрлам мојата намера во увото, но тоа се чинеше незгодно поради испитувачките погледи што го следеа моето однесување, а постоеше и оној личен проблем во моите мисли, што постојано го мотав и размотував, во него беше присутна Катерина; нели, таа секогаш ми идеше на ум иако преку некоја взаемна согласност ние практикувавме необврзувачка меѓусебна припадност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Вели: Имав добри намери во однос на вас. Посебно на тебе!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Иако не беше издадена никаква директива, се знаеше дека шефовите на Одделот имаа намера во рок од една недела да не остане никаде ни најмал доказ за војната со Евразија, или за сојузништвото со Истазија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)