Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: — За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Искинатите телефонски мрежи и железничкиот сообраќај меѓу Битола и Солун, запалените беговски чифлички кули и слами, оружаните напади во целиот битолски револуционен округ, поразите на аскерот скоро во сите операции, му задаваа сериозни грижи не само на валијата и пашата во Битола, туку го натераа сериозно да се замисли и Хилмипаша во Стамбол, а преку него и самиот султан Абдул Хамид.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие за секој случај го известија битолскиот валија и за овој напад во дивото Мариово, но тој тогаш си имаше поголеми главоболии со оние востаници што ја презедоа Баница, Невеска и Смилево, a особена грижа му задаваше Крушево, откаде Никола Карев со своите четници и востаници го напади јузбашијата Сулејмана со целиот негов гарнизон и сета турска власт и ја прогласи Крушевската република.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А тоа значеше задушување на востанието во неговата прва фаза, во самиот почеток.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На овој начин ќе се создаде впечаток дека ДАГ ќе го почне нападот во насока на Нестрам - Костур, а со тоа ќе се сврти вниманието на непријателските единици кои држат позиција на Алевица - Гинова.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со сила на една чета поддржана со целото тешко оружје на бригадата и едно пододделение на артилеријата утре во 20 часот и 30 минути да преземе ноќен напад во насока Стеницка и да продолжи сѐ до утринските часови на 21 август.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пионите се готови да се жртвуваат,грдејќи и стапка по стапка, позиција за напад во кој веднаш поаѓаат праволиниските топови, доволно глупави, и итрите ловци, доволно слаби, за да ја следат без приговор.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Откако заврши погребот, нападите во куќата уште повеќе се засилија. Не се бираше ни место, ни време.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Клунот е одбрана или напад во нагонот за самоодржување. Острина, не и нож.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја бранеа добро границата, излегуваа на крај со италијанските напади во таа рана пролет, што опснежуваше, се гонеа по спиндилиите на Албанската граница во тој април, но наеднаш станаа свесни дека веднаш во нивниот тил се веќе германските тенкови и дека тие продолжувале сето време да бранат една земја, која била прегазена одамна пред тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаше и други што ги стрелаа ПРВИТЕ БОРБИ Веднаш по завршувањето на обуката побараа доброволци за напад во Демир Капија, зашто таму се наоѓал непријателот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)