Черчил бил наполно свесен дека со фрлањето на Југославија "со сето срце во прегратките на Русија", британското влијание во оваа земја е целосно изгубено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британците биле сосема свесни дека во однос на Народноослободителната и антифашистичката војна, уште од самиот почеток на војната, го помагала движењето на генералот Дража Михаиловиќ, кој и ја започнал војната против нацифашизмот во април 1941 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сигурно дека советското напредување во земјите на југоисточна Европа не им давало мир на британските политички и воени планери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
При една таква ситуација, оценувајќи ја советската експанзија како најопасна за британските интереси на Балканот, во април 1945 година, Черчил зазел цврст став според кој отстапувањето туѓи територии можело да се врши само на мировни конференции бидејќи, според него, неконтролираните договори и преговори не би можеле да го спречат советското напредување во Централна и во Западна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие биле свесни дека доколку Советите се "закотват" во југоисточна Европа, ќе биде мошне тешко да се изнајде такво решение кое би било поволно за Британците, бидејќи во таков случај сите карти во преговорите би биле во рацете на Советите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поради таквата подредена положба на Велика Британија и неможноста да има некакво свое влијание во однос на советското напредување во Романија, Бугарија, Југославија, а и во Грција ако на власт дојдат комунистите, британскиот политички естаблишмент сметал дека би било пожелно да се направи обид барем Југославија да се придобие на британска страна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ја прифатив по налог на Шефот со што нејзиното брзо напредување во службата беше предодредено.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
По начинот на кој инсистираше и според гласот, Круме Волнаровски покажуваше вознемиреност, но со она “Да седнеме попладне, да се видиме, одамна не сме го направиле тоа, да се опуштиме малку, и така натаму,” ме потсети на деновите кога многу прашања околу Ема Ендековска и нејзиното брзо напредување во службата, за мене беа отворени.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)