Кои се почетните точки на овие различни начини на живеење на индивидуите?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Преку ритмичниот танц на зборовите што го придружуваат болниот, терапевтот и клиентот трагаат по нарација која ќе донесе оздравување.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Исто како и при примената на скорешните настани, добро е да се ангажираат, како коавтори, други индивидуи кои историски учествувале во формирањето и дистрибуцијата на доминантната нарација која се отфрла во овој процес на ре-авторизација.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ова вклучува идентификација на настаните и искуствата кои имаат помалку директна врска со него.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тие културни парталчиња и крпеници мораат меѓусебно да си одговараат, тие мораат да раскажуваат некоја приказна и да изведуваат некој наратив кој оддава смисла, кој е веродостоен и кохерентен, и кој ги придвижува луѓето до онаа точка кога тие се спремни да ги жртвуваат своите животи за него.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со тоа што индивидуите се одделуват од доминантните или “тотализирачки” нарации кои се составен дел на нивните животи, им станува полесно да се ориентираат кон аспектите на искуството кое е во контрадикција со тие знаења.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)