Својот сон не го оствари повторно со Скендер бег за поетска слава, но просветител на народот свој стана.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Вечната клетва секогаш ќе те стигне Во секое време, низ животи многу Одлучи понизен да бидеш пред Свјатоме Богу И секогаш во предност пред другите ќе идеш Ќе бидеш признат, ќе бидеш свиден Ќе бидеш благословен и можеби некој иден Наш спасител, месија пратен Од народот свој по барање вратен Нови надежи да донесе во земјата ветена Неомеѓена, единствена, осветена! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А по себе на народот од родот свој безумност му остави, малоумниот Ровоама, кој го одврати од себе народот свој, и Јеровоама, Наватовиот син, и гревовите нивни толку се намножија, така што од земјата своја истерани беа; посегнуваа по секое зло додека одмаздата не дојде врз нив.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ја знам за дните: тешко ќе врват, ни глас ќе чујам од народ свој...
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Попот тогаш запеа, крстејќи се:
„Е па, на Дабижив господ нека му даде здравје и долг живот, нека на народот свој му биде поткрепа и јунак да стане, оче наш, иже јеси... на небеси...“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)