населба (имн.) - и (сврз.)

Во килавата мугра, Гита Корец гледа кон народните населби и ја чувствува, особено во вакви ледни мугри во кои на небото сенишно се пробиваат првите зраци, неизвесната судбина надвисната над градот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со џандари, со `ртки, со загари и со некои нашинци, лижнигазовци, оттаму, од Прилеп и од Битола, ќе клапнеа уште одвечер во населбата и ќе им заповедаа на редовниците да им приготват убави вечери - питулици, мазници, зелници, печени кокошки, пресни погачи, чомлеци и јании; откако ќе се накркаат, ќе се налокаат вино и ќе се акнеа да спијат во гостинските одаи, за таа цел, за нивното доаѓање, предвреме напрашени за од страна на болви, вошки и други инсекти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Самата макета претставува предел обраснат во шума, пресечен со модерни асфалтни патишта, со градски и селски населби и реки, низ кои пловат бродови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На војниците, лошо хранети, лошо облекувани и лошо обуени, во опинци, повеќе им се исплатуваше да останат во населба и како знаат и умеат да доаѓаат до храна, топла облека и покрив над главата, а офицерите, повеќе политичари одошто војници, место да поведат сметка за војската, сѐ преземаа за да ги уништат Началствата, она во Потковицата и од околните села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа, што не го завладеаја Чауле и околните ридови, и што беа погани со народот и со луѓето од началствата, на Србите луто им се одмазди. После, во првата Голема војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што да прави сега со децата? Што ќе прави ако нешто му се случи, заглавена помеѓу овој град што ѝ стана туѓ, веќе снемилен дом и оваа војна што сите, па и неа ги насели во еден масовен кошмар?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)