Во таа насмевка имаше нешто старечко – не ни се насмевнуваше како што се смее четиригодишно дете, туку како што старче ослободено од страв се потсмева со смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Очите на Ивона искреа од среќа. Таква широка насмевка има само на уште едни усни некаде далеку на југот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дедо му Зигмунд, правдајќи се со неодамнешната операција, со многуте пациенти и со пишувањето на своите дела, ѝ го препушти Хајнерле на ќерка си Матилда, таа да го чува во нејзиниот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Изговореното не ја следи формата на помисленото, насмевките имаат евтин сјај на кич апликации.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)