Затоа и настаните низ кои минувам не ги сметам за арч на моето или на нечие туѓо време.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тогај кога зборува за својата Македонија, Никола Кирков го соопштува настанот низ една суптилна критичка нота а со цел да не затапи рефлексот и општествениот коректив онде каде што се покажува како неопходно одмавнувањето на грешката, каде што се покажува како неопходно отколонувањето на причините кои можат да доведат до мултиплицирање на проблемот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во овој случај, тој ги следи настаните низ еден надворешен и менлив агол.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ова сакав да биде сфатено како приговор на неговото однесување бидејќи бев со впечаток дека него, за жал, некои битни моменти од моите искажувања го одминуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Секое ново сознание е корисно - реков следејќи го бавното оддалечување на иследникот кон темнината во прозорецот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа е резултат на долги проучувања на настаните низ вековите, на опитот на умовите низ времето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Секое ново сознание па и заблуда сигурен сум дека води кон разјаснување на случајов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)