За љубов и среќа мислете и молете се, за оние далеку на кои се надевате, цвеќенце во мисли испратете ако друг начин немате.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
„Мора да се следи отисокот на зборовите, трагата нивна во каменот, оти друг начин нема, оти и ловецот по својот елен оди по трагите од нозете, по следите негови“, велеше Филозофот на нашето чудење од каде му истекна таква ука да чини умножение на таков начин, таму каде рака човечка и калем не достигаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На тој начин нема да паднеме назад во националните идентитети, етничките групи.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)