Навистина, тешко е да се согледа зошто би требало да се мисли дека постоењето на способноста за разбирање на некој израз на начинот опишан во рамките на интенционалистичкото објаснување би требало да го повлекува, или дури само да го допушта, гледиштето дека едно правило не мора да биде обичај.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Бидејќи некој, сосем на место, може истовремено да ги застапува следниве две тврдења: дека смислата, во крајна линија, се пренесува по пат на договор, па според тоа, е функција на, или е конституирана преку употребата, и дека она што го конституира сфаќањето на изразот од страна на говорникот е токму свесноста за образецот на така заснованата употреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)